Trend Kom

Видео надзор

Системите за видеонадзор овозможуваат мониторинг над моменталната состојба, како и прегледување на снимка од обезбедуваниот објект или објекти локално, на компјутер, од оддалечена локација или пак од мобилен телефон.

Разни проблеми во компаниите (внатрешна и надворешна кражба, лошо управување со производите и опремата, ниска продуктивност итн.) исто така и во вашиот дом може да се решат со инсталирање на видео надзорен систем. Ние ви нудиме едноставни како и софистицирани професионални системи. Системите за видео надзор, претставуваат и можна надоградба на сите други технички безбедносни системи.

Ограничен пристап

Заштитете ги вашите вработени, деловен простор и вашиот дом со систем за контрола на пристап. Вашата безбедност не ја доведувате во прашање само кога знаете кој каде се наоѓа во вашата компанија. Безбедност за вашиот тим, сигурност на вашите информации, безбедност на вашите простории и опрема. .

Ние можеме да ги задоволиме вашите потреби почнувајќи од едноставен систем за контрола на пристап па се до најсложените интегрирани системи. Системот за контрола на пристап е паметна инвестиција не само од аспект на безбедност туку и од аспект на организација, овозможувајќи различни нивоа на пристап во зависност од работната позиција на едно лице во компанијата. Системи за евиденција на работно време Системите за евиденција на работно време во принцип се системи за контрола на пристап со понапредна база на податоци односно со повеке информации за секој настан, како што се доаѓање на работа, заминување од работа, почеток на пауза, крај на пауза, службено излегување, службено влегување и слично. Ваквите системи содржат софтвер за евиденција на работно време кој врши обработка и класификација на податоците по предефиниран временски период, група на корисници, корисник и слично. Постојат и опции за пресметка на плата за вработени врз остнова на работни часови, доцнење, прекувремена работа и слично.

Инсталација на компјутерски мрежи

Професионално, инсталација на компјутерски LAN мрежи во вашиот дом или канцеларија. - Решенија за вашиот дом или канцеларија. - Изведба на мали и средни мрежи во вашиот дом или канцеларија. - Стабилна и сигурна мрежна инсталација со LAN кабел и WiFi во вашиот дом.

Инсталација и сетирање на интернет конекции и рутери. - Поврзување на вашите уреди десктоп PC,Lap-Top,Smart TV,Android Tableti,Mobilni и др. на вашата мрежа. - Дијагностика на проблеми во постоечка мрежна инсталација. - Решенија околу дилема дали LAN кабел или WiFi. Понудените решенија и изработката се на високо професионално ниво.

Противпожарни алармни системи.

Според значењето што го имаат во заштитата на објектите, како и имотот и лицата во нив, противпожарните (ПП) системи секако (треба да) имаат приоритет во однос на сите останати безбедносни системи.

Имено, доколку правовремено не се открие, дојави и отклони пожарот, последиците од него може да бидат катастрофални. Затоа, со позитивните законски прописи кај нас, ПП системите се задолжителни за сите поголеми јавни објекти.Поставувањето на систем за дојава и/или гасење на пожар во вашиот дом или деловен простор е од суштинско значење за брза евакуација на вас, вашето семејство или вашите вработени како и за навремена реакција која ќе резултира со брзо гасење на пожарот и спречување на поголеми материјални штети.

Алармни системи против кражба.

Алармните системи се дизајнирани да детектираат неавторизиран пристап во одреден објект или простор. Тие содржат: палета сензори, контролна единица (алармна централа, тастатура) и систем за дојава.

Сензорите детектираат натрапници преку најразлични методи и технологии: од надзор на состојба на отворање на врати и прозорци преку користење на магнетни контакти, пасивна инфрацрвена технологија, ултразвук, вибрации, електрични или магнетни полиња, микробранови и др. Дојавата за присуство на натрапник доколку овластените лица (сопственици, вработени и сл.) се веќе во објектот се врши преку притискање на паник тастер. Сите типови сензори како и паник тастери можат да бидат поврзани и да комуницираат со алармната централа со директна жичена врска или безжичено. При инсталација на алармните системи во резиденцијални објекти може да се предвиди и интеграција со детектори на пожар, со што би се добила комплетна заштита од пожар и кражба. Исто така вграденито алармен систем ке ви овозможи да се цуствувате помирно, заштитувајќи вашите лични предмети и уште поважно- Вас и вашето семејство.



Dahua Tehnology

Hikvision Official Partner

TP-Link Official Partner

D-link Tehnology

Asus Tehnology

Hp Tehnology